Општи услови и правила на Клубот на сопственици MyCITROËN


1. Општи услови
Во Општите услови на клубот MyCITROËN се дефинирани правата и обврските на поединците кои одлучуваат да се придружат на клубот MyCITROËN (во натамошниот текст членови во клуб)
и
основачот на клубот MyCITROËN, Автонова ДОО, ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје (во натамошниот текст: Автонова).

2. Пријавување и услови за зачленување во Клубот

Во клубот MyCITROËN може да се зачлени секое физичко лице кое е сопственик на патничко возило од марката CITROËN регистрирано во Република Македонија, кое тој го користи за лични потреби.
Попустите важат само за количествата на резервни делови поврзани со индивидуалната употреба на Вашето возило, вградени во овластен сервис. Правни лица не можат да бидат членови на клубот.

За да се зачлените во клубот MyCITROËN потребно е да пополните формулар во овластените сервиси на CITROËN (листата со учеснички се наоѓа на веб страницата CITROËN Центри). Регистрацијата е можна и со пополнување на формуларот кој се наоѓа на веб-страната www.my.citroen.mk.

3. Предности за членови на клубот MyCITROËN


3.1
Членовите на клубот имаат право на специјални понуди, попусти и бенефиции. За сите бенефиции и новости нa марката CITROËN како и за сите настани и промоции на компанијата Автонова, членовите ќе бидат информирани преку контакт информациите дадени при пополнување на формуларот за зачленување.

3.2.
Членовите на клубот MyCITROËN имаат право на одредени попусти на резервни делови онака како што е како што е дефинирано на интернет страницата www.my.citroen.mk. Членовите на клубот имаат право на попусти на резервни делови, единствено доколку се вградени во мрежата на овластени сервиси на CITROËN (листа на сервиси кои учествуваат се наоѓа на CITROËN Центри).

3.3
Висината на попуст се утврдува врз основа на староста на возилото. Староста на возилото се определува според започнувањето на гарантниот рок на возилото, како што е наведено во сервисната и гарантна книшка на возилото.

3.4
Попустите се изразени во проценти пресметани на цените на оригиналните резервните делови и на сервисните услуги и изнесуваат:

Старост на возилото Попуст
до 2 години 5 %
од 2 до 3 години 10 %
од 3 до 4 години 15 %
од 4 до 5 години 20 %
од 5 до 6 години 25 %
од 6 до 7 години 30 %
7 години и повеќе 35 %

3.5.
Попустите не се однесуваат на: пневматици, акумулатори, дополнителна опрема, гуми, комплементарни резервни делови “Eurorepar”, гориво, подмачкувачи и хемиски производи.

3.6.
Попустите се пресметуваат и на сервисните услуги.

3.7.
Правата на членот на клубот MyCITROËN се применуваат само на возило кое е во сопственост на членот на клубот. Придобивките се валидни за членовите на клубот и не се пренесуваат на друго лице или друго возило и не можат да се разменуваат за пари. Доколку го продадете возилото, новиот сопственик може да ги користи придобивките кои се однесуваат на ова возило, единствено доколку е член или стане член на клубот.

3.8.
Попустите кои се добиваат со членство во клубот не можат да се кумулираат со други актуелни попусти.

4. Примена и заштита на лични податоци
При зачленување во клубот MyCITROËN компанијата Автонова ДОО и нејзините овластени дилери и сервиси имаат пристап до вашите лични податоци, како и до податоците за индивидуалните купувања на резервни делови и сервисирање, и до информациите за возилото.

Автонова ДОО совесно ги собира и управува со личните податоци на клиентите во согласност со важечката законска регулатива за заштитата на личните податоци и се обврзува да ги користи само за наведените цели. Членот на клубот со зачленувањето во клубот се согласува на употребата на неговите лични податоци за тие цели. Личните податоци на членовите на клубот можат да се користат единствено за истражување на пазарот и изготвување на анализи за продажба на возила и за информирање на клиентите за спроведување на анкети, за испраќање на списанија, брошури, новости за новите промотивни кампањи како и нови понуди и наградни игри и други промотивни материјали од страна на Автонова ДОО.

Со пријавување на податоците, клиентот потврдува дека истите се веродостојни

Секој член на клубот има право на пристап и менување на сопствените лични податоци, како и повлекување на согласноста за користење на овие податоци, за што е потребно да испрати e-mail на club@citroen.com.mk.

Автонова ДОО гарантира заштита на личните податоци на членовите, во согласност со важечката законска регулатива за заштита на лични податоци, заштитени од неовластено објавување и користење од трети лица.

5. Информации за престанување на членувањето во клубот
Автонова ДОО има право да исклучи член од клубот MyCITROËN доколку тој доставил неточни податоци или пак сакал да направи обид за измама. Во овој случај, Автонова ДОО ќе го информира членот за својата одлука со препорачано писмо.

Секој член на клубот MyCITROËN може во секое време да се повлече од клубот и да ја соопшти одлуката испраќајќи барање на e-mail club@citroen.com.mk

Одземањето на членството ќе значи поништување на сите форми на информирање. Неискористените потенцијални придобивки при откажувањето не се надоместуваат.

6. Распуштање на клубот MyCITROËN и промена на општите услови
Автонова ДОО го задржува правото за распуштање на клубот MyCITROËN и / или промена на овие Општи услови и правила. За распуштање на клубот или промени во општите услови компанијата Автонова ДОО е должна да ги информира членовите на клубот со објавување на веб страницата www.my.citroen.mk. Распуштањето на клубот или промените на општите услови влегуваат во сила три (3) дена од денот на објавување на наведените информации.

Членот на клубот MyCITROËN се согласува со измените и дополнувањата на овие Општи Услови и правила, освен ако поинаку не го информирал основачот.

7. Завршна одредба
Сите спорови помеѓу членовите на клубот и компанијата Автонова ДОО ќе се решаваат со меѓусебен договор. Во други случаи, споровите ќе се решаваат во надлежниот суд во Република Македонија.
НАЗАД